| четврток, 6 декември 2018 |

Пијана монтажа на политичарите (ВИДЕО)

Уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во Македонија – Еден на Еден. Гостуваше единствениот Македонец со Формула 1 лиценца, шампионот Игор Стефановски – Иџе, како и честиот гостин на Жаре, музичката легенда Влатко Стефановски.

Во монологот на почеток од емисијата, меѓу другото ќе се насмеете слатко со пијаните монтажи на политичарите.

Влатко Стефановски не пропушти да го круниса ова ретко тв појавување со фантастична изведба на пар македонски класици и интересна варијанта на хитот од Стиви Вондер, Superstitious.

Следната сабота во 19 и 15 часот на Телма балканската ѕвезда Неле Карајлиќ гостува кај Жаре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top