| четврток, 6 декември 2018 |

Kaко тројца пијани мажи потопија две села

Тројца пијани другари дошле до „генијална“ идеја. Тие минатата среда во два часот по полоноќ, провалиле во контролната соба на една брана во Виетнам и ги отвориле вентилите.

Со тоа во селата Сон Нгиен и Суои Бак се излеале два милиони кубни метри вода. Водата уништила 15 тони на шеќерна трска. Штетата која ја направиле е проценета на 12.500 евра.

Вo инцидентот нема повредени, а се уште не е познато каква казна им следува на тројцата „весељаци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top