Хенрик Михтарјан ова лето од Борусија Дортмунд премина во Манчестер Јунајтед како големо засилување. Тој ги одигра сите натпревари за Јунајтед, но само на еден беше стартер (против Сити, но беше заменет по само едно одиграно полувреме), а за британските медиуми ја откри причината за неговата слаба игра.
– Јас сум роден плејмејкер, но менаџерот не ме користи на таа позиција. Навистина лошо играм во новиот дрес и тоа е единствено што се следи. Но, мора да знаат сите дека не можам да играм како што очекуваат доколку не играм на мојата омилена позиција. Се надевам дека ќе ја добијам таа шанса и ќе докажам колку вредам – изјави Ерменецот.
На таа позиција моментално игра Вејн Руни и сега Мурињо е пред голем притисок, но за доброто на клубот ќе мора да пресечи. Доколку сака 100% да го искористи Михтарјан ќе мора да направи неколку промени во почетниот состав, или да го седне на клупа капитенот или да го премести во средниот ред. Судејќи по двата порази во низа од Сити и од Феенорд, неизбежно е Мурињо да преземи нешто, а за тоа ќе дознаеме в недела кога Јунајтед му гостува на Ватфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.