Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва изјави дека лидерите на ЕУ, кои се сретнаа на самитот во Братислава, без присуство на Велика Британија, се договориле да ги претстават новите планови за јакнење на ЕУ до март следната година.
– Се согласивме дека поради тоа што Европа се наоѓа во критична состојба по референдумот во Британија, но и поради другите проблеми кои ги имаме, мораме заеднички да се договориме за работниот план со цел да разгледаме повеќе прашања до 60-годишнината на договорот од Рим, истакна германската канцеларка по завршувањето на самитот.
Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ се собраа денеска во Братислава на неформален, но исклучително важен самит, на кој најмногу се разговарало за иднината на ЕУ без Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.