–Ние не можеме да го третираме Балканот како црна дупка. Не можеме да го игнорираме тоа што најпопуларен политичар во Босна е Ердоган, да го игнорираме тоа што демократските избори во Македонија се одложуваа под влијание на надворешни фактори, одговорил Орбан, на прашање за балканската политика на Унгарија и бегалската криза која се прелеаја преку регионот.
Орбан, кој се промовираше во лидер на средно-европската група држави-членки на Европската унија, ја поддржува Македонија во отворањето преговори со Европската унија и се залага за држење на македонско-грчката граница и понатаму затворена за движењето на мигрантите и бегалците од Блискиот Исток.
Обраќањето на универзитетот „Андраши“, врвен универзитет на германски јазик во Будимпешта, доаѓа непосредно по неговата посета на бугарско-турската граница, од каде Орбан повика дека и Бугарија треба да продолжи успешно да ја брани заедничката европска граница. Во своето обраќање, Орбан додал дека Европската Унија се соочува со сериозни внатрешни проблеми, неможност да реши прашања како што се демографските промени и релативното економско назадување во однос на земјите од Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.