| четврток, 6 декември 2018 |

И на Манчевски му легнало кафето на Заев: Освен Зекири и ортакот на Циц вработен во СДСМ за 30.000 денари

Според информации на Курир, Дамјан Манчевски има еден месец подолг работен стаж од Мухамед Зекири во СДСМ

Советникот од Град Скопје, кој како координатор на советничката група на СДСМ добива и нешто повисок паушал од останатите, бил вработен во партијата на 12 јули годинава. Според нашите информации, за својот ангажман во СДСМ, Дамјан Манчевски е платен со 30.000 денари, приход надвор од парите кои ги добива како советник во Град Скопје.

Анонимни советници на СДСМ од градското собрание за Курир велат дека не се вработени во партијата. Дамјан Манчевски е познат по тоа што освен паушалите кои ги добива во советот на град Скопје, а сега и партиската плата, добро му оди со бизнисите и во општините со кои раководат кадри на СДСМ.

Засега СДСМ не одговара на прашањата на Курир  дали е Дамјан Манчевски вработен во СДСМ и од кога и колку изнесуваат неговите месечни примања и кој орган на партијата ја донел одлуката за негово вработување.

Според документите кои пред две години ги обелодени ВМРО-ДПМНЕ, фирмата во сопственост на Дамјан Манчевски, „Метропаркинг плус ДОО Скопје“ во Куманово од градоначалникот Зоран Дамјановски – Циц добила бизнис вреден 400.000 евра.

Манчевски призна дека фирмата во која тој бил сопственик работи по тендер во Општина Куманово, а неговото самопретставување за жртва е арогантно и неприфатливо. Потенцирам, тој не бил вработен во некоја фирма, туку бил сопственик на фирма која работи по тендер во вредност од 22.892.000 денари, рече Димовски.

Документите, нагласи тогаш Димовски, се многу јасни и недвосмислени. 

ilija-dimovski-630x419

На 28.1.2011 година белградската Метропаркинг ДОО склучува договор со општинското јавно претпријатие Куманово-паркинг по добиен тендер. На истиот ден, на 28.1.2011 година белградската фирма испраќа допис до Куманово-паркинг со кој ги информира дека за комуникација, техничко поврзување, финансиско работење (уплати и исплати), како и сите други активности ја овластува фирмата од Македонија: Метропаркингплус ДОО Скопје. Со овој допис станува јасно се. Фирмата од Белград е само параван и начин како да се затскрие скопската фирма во која сопственик е потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, посочи Димовски.

Инаку, во јавноста сѐ уште не стивнуваат реакциите за вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ, кој е за 10.000 денари подобро платен од Дамјан Манчевски.

За разлика од Манчевски и Зекири, долгогодишни функционери и активисти како Јани Макрадули и Нора Шакири сѐ уште се невработени. Впрочем минативе денови имаше жестоки внатрепартиски полемики на оваа тема.

Гордана Поп Симонова, професорката која со години јавно ја критикува власта и го поддржува СДСМ, преку Фејсбук му порача на Заев дека е гневна, затоа што тој е непромислен, нетактичен и наивен.

Еве дел од нејзиниот текст:

gnev-zaev

„За жал, се случија гафовите со Нова ТВ и со ФБ преписката со Нора Шакири, што и мене лично ме испровоцира на сопствениот ФБ ѕид да му напишам отворено барање на лидерот на најголемата опозициска партија, да ми купи зелени чевли салонки.

Иако еднаш си ветив дека повеќе нема да му пишувам отворени писма на Зоран Заев, еве ќе го прекршам дадениот збор, бидејќи работата ич не ни е наивна.
Види вака, Зоране. Ако си во Рим, однесувај се како Римјанин. Ако си влегол во политиката, однесувај се како политичар. Внимавај на секој збор, мери го секој став и не експериментирај со сентименталности и приватни изблици на хуманост. Тоа чувај го за кафе – муабет, а не за изјави на ТВ или на ФБ. 
Веќе немаш право на грешки и секој твој следен гаф ќе ја врамува твојата слика на незрел и некомпетентен лидер.“

 

Критики за политиките на Заев отворено стигнаа и од  опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски.

ivor-status

palevski640

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top