| четврток, 6 декември 2018 |

Хапоел Бер Шева подобар од Интер, Пато со пресврт му донесе победа на Виљареал

inter

Вчерва од 21 часот беа одиграни вториот дел од натпревари од фазата по групи од Лигата на Европа, каде калчолигашот Интер беше поразен на домашен терен од израелскиот тим Хапоел Бер Шева (0-2). Доаѓањето на Франк де Бур не промени речиси ништо во составот од „Џузепе Меаца“, кој уште еднаш ги разочара домашните навивачи.

 

Израелците подогоците ги постигнаа во второто полувреме за повторно, по слабите игри во домашното првенство, да му донесат разочарување на Интер кој летово потроши многу милиони за да ги засили своите редови.

Во Шпанија, тимот на Виљареал усепа да дојде до победата на домашен терен, но откако ја анулираше негативата на гостинот Цирих. Швајцарците поведоа рано, уште во втората минута од мечот, а инспиратор на пресвртот на Виљареал беше поранешниот играч на Милан и Члези, Алесандре ПАто кој со еден гол и асистенција во првото полувреме му донесе победа на својот тим со конечен резултат од 2:1.

ЛИга Европа, резултати:

Група Х: Брага – Гент (1-1)

Група К: Интер – Хапоел Тер Шева (0-2)

Група Х: Коњаспор – Шахтјор Доњецк (0-1)

Група И: Ница – Шалке (0-1)

Група Л: Османлиспор – Стеауа Букурешт (2-0)

Група Г: Панатинаикос – Ајакс (1-2)

Група Ј: ПАОК – Фиорентина (0-0)

Група И: Салзбург – Краснодар (0-1)

Група К: Саутемптон – Спарта Прага (3-0)

Група Г: Стандард Лиеж – Селта Виго (1-1)

Група Л: Вилјареал – Цирих (2-1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top