По јавната преписка на водителката Нора Шакири, незадоволна од одлуката на партиското раководство на СДСМ партијата да му се најде на новинарот што даде остаква за да ѝ се најде на партијата, Мухмед Зекири, и партискиот лидер, расположен да помогне, се јавија и други невработени активисти, опозоциски мегафони, незадоволни од својот статус, а свесни за одработеното, и побараа од Заев и ним да им излезе в пресрет.
„Секогаш можеш да сметаш на СДСМ. Требало само да споменеш. Можело директно да ми кажеш или, пак, преку некој. Како би можел јас да знам дека Нора Шакири има потреба од ангажман и работа. Повели Нора на кафе кај мене во партијата“, напиша Заев на статусот на Нора Шакири.
Јорданка Ивановска – Јоци, соросоид, кој ревносно одработува за опозицијата, исто така смета дека СДСМ ѝ должи, па за разлика од Нора, која побара само вработување, Јоци објави список на проблеми, па очекува политиката на отворени врати да ѝ ги реши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.