| четврток, 6 декември 2018 |

Тој ја „умре“ Хилари Клинтон

Новинар на њујоршката телевизија „Еј-Би-Си 7“ направи тежок лапсус кога објави дека кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, починала.

– Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон -рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка и се слошило.

Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош, и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.

– Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“ – информира потпаролот на ТВ-станицата.

Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Кллинтон е жива и дека заздравува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top