Новинар на њујоршката телевизија „Еј-Би-Си 7“ направи тежок лапсус кога објави дека кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, починала.
– Емисијата ја започнуваме со вонредни вести за смртта на Хилари Клинтон -рече водителот Џо Торес во емисијата, емитувана во неделата, а откако беше објавено дека на поранешната државна секретарка и се слошило.
Потоа тој рече дека докторите кај Хилари Клинтон дијагностицирале воспаление на градниот кош, и потоа со колешката продолжи да разговара за здравствената состојба на кандидатот на демократите.
– Во текот на воведот во приказната за здравјето на Хилари Клинтон емитувана во живот, Џо Торес ненамерно рече „смрт“ наместо „здравје“ – информира потпаролот на ТВ-станицата.
Според неговите зборови, јасно е од контекстот на приказната, информацијата на новинарот и графиката на екранот дека Кллинтон е жива и дека заздравува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)