| четврток, 6 декември 2018 |

Металург поразен од Мешков Брест во СЕХА Лигата

Ракометарите на скопски Металург се поразени од Мешков Брест минимално со 24-25 во натпревар од СЕХА Лигата. Ова е трет пораз во низа за тимот од Автокоманда.

Мешков влезе како фаворит во мечот со Металург, но македонскиот тим имаше реални шанси да остане непоразен.

Првиот дел беше изедначен, на одмор се замина со нерешен резултат, 11-11, на почетокот од вториот дел Мешков успеа да се одлепи на четири разлика предност, но Металург со серија од 5-1 успеа да се врати.
Во финишот од мечот Металург имаше шанса и да поведе, но не успеа да реализира, на спротивната страна Мешков даде гол од пенал за предност од еден разлика. Последниот напад го имаше македонскиот тим, но Кристопанс го блокираше ударот на Драгаш и Мешков славеше нова победа во СЕХА лигата.
Најдобар стрелец во тимот на Металург беше Костески со седум голови, Талески постигна шест по три имаа Пешевски и Драгаш. Арсиќ натпреварот го заврши со девет одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top