| четврток, 6 декември 2018 |

Апсеа дилери по гаќи: Во акцијата „Циклон“ падна Ефто Ефтиќ, најголемиот нарко бос на Балканот

csm_ciklon-jt_ad1eb9888f

Во полициската акција „Циклон“ вчера во Белград беше уапсен Ефто Ефтиќ (33), шеф на една од најголемите нарко кланови на балканот. Во заедничката акција на српската и германската полиција разбиен бил нарко картелот, а уапсени биле и 29 соработници Ефтиќ, соопштил вчера министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стафановиќ.

Како што изјавил тој, оваа акција им задала сериозен удар на нарко картелите во регионов, а во неа запленети биле 303 килограми кокаин, 96 килограми канабис и 106 килограми хашиш во вредност од околу 20 милиони евра.

Освен уапсениот Ефто Е. (33) од Белград, паднале и повеќе од 30 негови соработници, а на акцијата и претходеле уште неколку апсења со кои се чистеле, еден по еден, повеќе ограноци од криминалната организација.

jevto-jevtic1-620x350

Како што објавија српските медиуми, Ефтиќ бил пратен цели 13 месеци пред да биде уапсен, а во акцијата координирано учествувале германската, шпанската и српската полиција.

– Дрогата стигнувала од Јужна Америка, а освен огромното количество наркотици, во домот на Ефтиќ запленета била и голема сума на пари. Тој дрогата ја растурал во балканските земји како и во западна Европа, изјавил полициски извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top