Во полициската акција „Циклон“ вчера во Белград беше уапсен Ефто Ефтиќ (33), шеф на една од најголемите нарко кланови на балканот. Во заедничката акција на српската и германската полиција разбиен бил нарко картелот, а уапсени биле и 29 соработници Ефтиќ, соопштил вчера министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стафановиќ.
Како што изјавил тој, оваа акција им задала сериозен удар на нарко картелите во регионов, а во неа запленети биле 303 килограми кокаин, 96 килограми канабис и 106 килограми хашиш во вредност од околу 20 милиони евра.
Освен уапсениот Ефто Е. (33) од Белград, паднале и повеќе од 30 негови соработници, а на акцијата и претходеле уште неколку апсења со кои се чистеле, еден по еден, повеќе ограноци од криминалната организација.
Како што објавија српските медиуми, Ефтиќ бил пратен цели 13 месеци пред да биде уапсен, а во акцијата координирано учествувале германската, шпанската и српската полиција.
– Дрогата стигнувала од Јужна Америка, а освен огромното количество наркотици, во домот на Ефтиќ запленета била и голема сума на пари. Тој дрогата ја растурал во балканските земји како и во западна Европа, изјавил полициски извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.