| четврток, 6 декември 2018 |

Како добиток во кланица: ИСИС го честита Бајрам со најбруталното погубување досега

ИСИС го обележал најголемиот муслимански празник Курбан-бајрам на најбрутален можен начин. За тоа сведочи најновото видео на кое можеме да видиме затвореници кои висат со главите надолу закачени на кука како добиток во кланица.

Во една сцена во видеото кое било снимено во кланица во Деир ез-Зор во Сирија, гледаме како на луѓето кои биле обвинети за шпионажа, терористите им го сечат грлото, по што потекува крв.


Во повеќето коментари на светските медиуми може да се слушне дека оваа бруталност е “досега невидена”.


Видеото е наречено “создавање на илузии” и било објавено на првиот ден на Бајрам, а целосно бизарен е фактот што во видеото се појавуваат инсерти од филмот “Невозможна мисија” со Том Круз и Сајмон Пег во главните улоги.


Според многу реакции, ова е најбруталното видео на ИСИС, бидејќи во него “луѓето се колат како животни”. Видеото трае 12 минути и во него има инсерти од терористички акции на ИСИС, вклучувајќи ги и нападите во Париз и Ница, пишува Дејли меил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top