| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционално честитање за Курбан бајрам: Знаете ли што значи “Бајрам Шериф Мубарек Олсун”?

Припадницте на муслиманската вероисповед ширум светот денеска одбележуваат еден од најголемите празници во Исламот-Курбан бајрам.

Бајрам кај муслиманите се честита со зборовите: ”Бајрам шериф мубарек олсун”, но дали знаете што навистина значат овие зборови и кое е значењето на оваа порака?

Имено, зборот, „бајрам“ има персиско потекло, а на турски значи празник.

Зборот  „шериф“ има арапско потекло, а на турски значи честит.

Зборот „мубарек“ исто така има арапско потекло и на турски значи благословен.

„Олсун“ на турски значи „нека биде“.

Ова значи дека оваа честитка “Бајрам Шериф Мубарек Олсун” во превод значи „нека ти е благословен и честит празникот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top