| четврток, 6 декември 2018 |

Му се насмевна среќата на дедото кој продаваше сладолед за да преживее

dedo

Хуманите луѓе од целиот свет собраа 115.000 долари за 89-годишен дедо, кого жителите на Литл Вилиџ во Чикаго го гледале секој ден како ја влече количка со сладолед. Подгрбавен, дедото Фиденцио Санчез секое утро одел на работа во исто време. Од сладоледод тој го прехранувал семејството. И покрај тешката ситуација и лошата здравствена состојба, никогаш не просел.

Еден од жителите на Чикаго кој го забележал овој старец изјавил дека неговото срце се скршило кога го видел, бидејќи луѓето во тие години би требало да уживаат во пензијата. Тој го фотографирал дедото, а сликата ја поставил на Фејсбук.

– Јас го почитувам овој човек најмногу. Не проси како што многумина на негови години прават на улиците во САД.

Откако фотографијата ја виделе стотици луѓе и реагирале на неа, тој одлучил да започне кампања преку „Gofundme“ страницата и со помош на пријателите и хуманите луѓе собрани се 115.000 долари за помош на овој човек.

Иако пред два месеци дедото Фиденцио Санчез заминал во пензија, тој морал да најде некаква работа затоа што едната ќерка му починала, а сопругата се разболела. па немал пари за да го издржува семејството.

Тој бил пресреќен и длабоко трогнат од донацијата. Им се заблагодарил на сите и рекол дека сепак ќе продолжи да работи. Дел од парите кои биле собрани за него планира да ги донира на црквите во Мексико, да плати сметки и остатокот да го подели со внуците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top