| четврток, 6 декември 2018 |

Каде најскапо, а каде најевтино ќе поминете за еден час на паркинг?

Најскап европски град за паркирање е Лондон, објави европскиот портал Ubeeko, специјализиран за автомобилски сообраќај и патувања.

Во Лондон еден час паркирање во просек чини 10,40 евра.
Во првите пет се наоѓаат Стокхолм, Атина, Осло и Милано, каде за еден час паркирање во просек се плаќа од пет до осум евра, што тие градови ги прави скапи за туристите кои сакаат да патуваат со автомобил.
Релативно поднослива цена за паркирање имаат Амстердам, Париз, Минхен и Рим, каде за паркирање треба да се плати од 4,20 до 4,70 евра.
Најевтино е паркирањето во централна и источна Европа, па така во Будимпешта тоа чини 1,60 евра по час, во Прага 1,30 евра, а во Варшава 1 евро, пишува Ubeeko.
Белград е една од најевтините престолнини во Европа, што се однесува до паркирањето, бидејќи еден час време во просек чини 50 центи. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top