| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо: Јас бев најдобар во моето време, Меси во неговото

ronaldinjo-i-mesi

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо најави пензија на крајот од оваа сезона. На свои 36 години, Бразилецот изјави дека веќе се чувствува стар и дека е спремен да ја продолжи својата кариера надвор од фудбалот, односно во музиката.

Како и сите други, Роналдињо одговори на прашањето кој е најдобар фудбалер на светот, а за него нема никаква дилема дека тоа е неговиот некогашен соиграч во Барселона, Лионел Меси.

– Имам 36 години и спремен сум да го напуштам фудбалот. Имам неколку замисли за мојот живот во пензија, а една од нив е музиката. Фудбалот и музиката се моите најголеми пасии. Кога ќе се навратам на мојата кариера мислам дека ништо не би променил. На свои 26 години бев еден од најдобрите фудбалери во светот, што е многу значајно за мене и за мојата кариера. Никогаш не сум се споредувал со други големи имиња од историјата на фудбалот, но знам дека бев најдобар во мојата ера. Сега тоа е Лионел Меси и има уште многу за докажување. Но, очекувам во блиска иднина Нејмар да го достигне нивото на Лео – изјави бразилскиот фудбалер.

Славната „десетка“ на екипата на Барселона минатата недела беше дел од отворањето на првата официјална канцеларија на каталонскиот клуб во Њујорк. Тој најави дека не ја отпишува можноста во иднина да биде дел од раководството на Каталонците, но најпрво ќе се посвети на својата втора љубов по фудбалот, музиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top