На падинка на брег во градот Ал Балк, недалеку од Јорданската Долина, се гледаат контури на голем проект. Во тек е изградба на нов акселератор за атоми на Блискиот Исток – Synchrotron-Light for Experimental Science and Applications (Sesame).
Во областа што ја погодуваат насилства, екстремизам и распад на национални држави „Сезам“ дејствува како некој друг свет; медитивен мир на околина која наговестува развиен стадиум на конструкција на акселератор, кој официјално треба да биде отворен оваа есен.
Чудо е што проектот воопшто е покренат. Учесници на проектот се Иран, Пакистан, Израел, Турција, Кипар, Египет, Палестинската национална управа, Јордан и Бахреин. Иран и Пакистан не го признаваат Израел, Турција не го признава Кипар и сите се вмешани во многу дипломатски спорови.
Иран на пример, учествува во проектот, наспроти тоа што двајца научници кои учествуваат во проектот, квантниот физичар Масуд Алимухамади и нуклеарниот физичар Маџид Шахријари, се убиени во операциите за кои одговорноста се припишува на израелскиот Мосад.
– Одлично соработуваме, тоа е прекрасно. Не знам колку уште има вакви места каде сите влади имаат претставници кои имаат шанса да се соберат и разговараат – вели Џорџо Паолучи, директор на научни истражувања на „Сезам”.
„Можете да проучувате речиси се”
Со 130 метри во пречник акселераторот на „Сезам” делува мал во однос на џиновскиот Голем хидронски колајдер во Швајцарија, кој минатата година го откри „Божјиот атом”, познат и како Хигсов бозон. Станува збор за елементарен атом кој на основани електрони дава маса.
Меѓутоа, проектот е софистициран и може да најде разновидна примена и да овозможи истражување во регионот кој веќе долго се соочува со проблем од недостиг на пари и политичка волја за развој во науката.
Има толку различни можности за примена, што нас, нашата фантазија, на некој начин не ограничува. Можете да проучувате речиси се: од изолирани атоми до човечкиот организам и се меѓу тие два екстрема – вели воодушевено Паолучи.
Сезам е синхотрон, голем уред кој ги забрзува електроните во кружна цевка, со помош на магнет и друга опрема, речиси до брзина на светлината. На овој начин се генерира зрачење кое се филтрира и оди во синхротронска линија (beamlines) – челични цевки во кои се наоѓаат инструменти кои го собираат зрачењето и вршат разни експерименти.
Фотографии од движења на мускули на мува
Научниците на Сезам планираат да отворат синхротрон со три главни синхротронски линии, иако има простор за 20. Првата рендегнска цевка, која тврдат научниците, служи за анализирање на примероци од почвата и атоми од воздухот, идентификување на загадувачите во околината, а можеби и нивните извори, во област која се соочува со висок степен на загадување.
Втората е инфрацрвена цевка, која ќе овозможи на научниците да проучуваат живи клетки и ткива. Прелиминарните тестови во центарот се концентрирани на проучување и развој на клетки на рак на града и отвараат можност за рано препознавање на оваа болест.
Последната линија, која се уште се конструира, ќе се користи во протеинска кристалографија, техника која овозможува подетално проучување на структурата на вирусите и развој на делотворни лекови против нив.
Палучи се надева дека подоцна ќе има и синхротронска цевка за снимање, која ќе овозможува попрецизно проучување на археолошките артефакти, без потреба да се транспортираат надвор од регионот, но и фотографирање на чувствителни работи како што се движења на мускули на мува.
Сезам поттикнува соработка во еден од најконфликтните региони во светот
Археолозите во Италија користеле вакви цевки за проучување на запалени ракописи кои се закопани под земја во Херкуланеум, по легендарната ерупција на вулканот Везув. Тоа им овозможило да идентификуваат грчки букви и ракописи, а притоа не морале да ги отвараат ракописите и да ризикуваат да се распаднат.
Творците на „Сезам” се надеваат дека акселераторот ќе го поттикне научниот развој во регионот кој долго бил спречен од судирите и споровите, така што ќе овозможи пристап до ресурси кои на Запад ги има многу, но на Блискиот исток се ограничени. Така научниците, било да се од Израел или од Иран, заедно ќе можат да ги проучуваат основните природни елементи.
Проектот чини над 100 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.