Две лица загинаа во директен судар на авиони на аеро митинг во источната германска покраина Саксонија. Инцидентот се случил вчера за време на собир во местото Гросрикерсвалд, пренесува РТ.
Полицијата потврди дека по сударот помал авион се урнал на земја и во него загинале две лица, додека другиот ултра лесен авион успеал да слета на аеродромот во близина, пренесува Зидојче Цајтунг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.