Вчеравечер во 21.50 часот во ПС Кочани, П.С. (52) од Кочани пријавил дека пред неговата куќа пронашол непознато машко лице кое лежело на грб облеано во крв и кое било повредено во пределот на главата и било неконтактибилно.
Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Медицински центар Кочани, каде му биле констатирана тешки телесни повреди ( расекотина во задниот дел од главата и крварење од ушите) и му била укажана лекарска помош, по што било пренесено во Ургентниот центар Скопје.
Од извршениот увид констатирано е дека лицето најверојатно се здобило со повреди на главата при пад од неоградена тераса на куќата на пријавителот од висина од околу 3 метри, на бетонската површина во дворот. Кај повредениот не биле пронајдени лични документи и не е утврден неговиот идентитет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.