Дваесет млади уметници ќе се сретнат со цел да ја покажат својата работа во галеријата на МКЦ во Скопје, Македонија. Изложбата „Близина и далечина“ се отвора во недела на 11 септември 2016 во 20 часот во галеријата на МКЦ. Половината од нив доаѓаат од Дрезден, Германија и во својот багаж ги носат своите дела кои ќе ги изложат заедно со делата на студентите од Факултетот за ликовни уметности- Скопје. Разговорот за уметничките позиции може да поттикне размена на идентитети кои се туѓи и далечни на хоризонтот на времето и просторот, на политички погледи и индивидуални убедувања, но сепак блиски заради фактот дека тие се дел од новата генерација. Сеуште без име, оваа генерација, како сведок на глобализацијата и виртуелизацијата, има огромна потреба да го реконструира нефункционалниот систем на верување.
Уметниците неможат да влијаат директно на политичките одлуки на своите влади и се соочуваат со секојдневните проблеми како и сите останати, но имаа способност и морална одговорност да остварат контакт на културно ниво, особено во време кога политичките тензии во светот ќе згуснат. Таму каде што постои потреба и можност за слободно изразување, да се претстави и промени нечиј светоглед, таму постои и можност тоа да се оствари. Така и оваа соработка помеѓу Скопје и Дрезден, теоретски ги нуди сите можности за културните активисти од двете страни. Ние искрено се надеваме дека со нашето доаѓање во Скопје градиме двонасочен мост и со тоа ги каниме младите уметници да учествуваат во културниот живот на Дрезден, Германија и централна Европа. Како просперитетни уметници, ова е нашиот придонес во балансирањето на другата, не толку флуидна сфера на интеракција како што се економијата и политиката, до кои ние немаме директен пристап. Соочени со мистериозната магла на иднината, ние како креатори на новата генерација на оваа планета, време е да се спознаеме меѓусебно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.