| четврток, 6 декември 2018 |

Јоаким Херман: Кој сака да носи бурка и никаб во Германија, нека си бара друга држава

herman

­ Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман бара сите мигранти кои ќе бидат одбиени во процесот за добивање статус на азиланти да бидат вратени во воените зони како Авганистан. Разликите меѓу баварската Христијанско Социјална Унија (ЦСУ) и ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел, кои на федерално ниво функционираат како еден политички субјект, растат по катастрофалните резултати на Меркел на покраинските избори во нејзината изборна единица во Мекленбург ­ Форпомен, кадешто ЦДУ загуби од антиисламската крајно десничаркса партија АФД.

Според ЦСУ, причина за поразот на ЦДУ е лошата имиграциона политика на Меркел, поради што дел од раководството на баварската партија се противи Меркел да биде кандидат за лидер на конзервативиците на сојузните избори закажани за наредниот септември.

Во изјава за таблоидот „Билд“ Херман ја поддржува идејата одбиените азиланти да бидат вратени во Авганистан и другите региони зафатени со војна, што е дијаметрално спротивно на политиката на Меркел која бара во ниеден случај бегалците да не се враќаат во конфликтни зони.

– Мора да биде можно да се спроведат депорации во кризните региони како северен Авганистан, каде што германската армија со години работи на мирот и слободата, вели баварскиот министер за внатрешни работи.

Херман дополнително бара сите бегалци кои доаѓаат во Германија да бидат држени во транзитни центри се додека не се утврди нивниот идентитет. За тие што Германија не може да го утврди идентитетот не смеат да шетаат слободни низ земјата, бара Херман, кој своите ставови ги објавува пред презентацијата на ЦСУ посветена на бегалскиот проблем кој ќе биде објавен викендов.

Според најавите ЦСУ ќе бара многу построги правила за бегалците од тие што се сега на сила, пренесува дописникот на МИА од Берлин. Според предлог документот на ЦСУ во кој се потенцира одбраната на „Германските вредности“ од мулиткултурализмот на бегалците им се порачува:

– Кој не сака да шета без бурка или никаб може да најде друга земја каде што ќе живее.

Баварскиот министер Херман лани во септември предизвика бура од реакции во јавноста кога во дебата за бегалската криза популарниот Роберто Бланко кој има афро­ кубанско потекло го нарече „прекрасен црнец“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top