Четвртина век по осамостојувањето, сметате ли дека денес Македонија ги надмина опасностите од губење на својата самостојност и од распаѓање на државата за која со векови се бореле нашите предци?
– Тоа е мое прашање! Македонија е неуништлива и никој не може да ја уништи. ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ го разбудија џинот Македонија. На тој џин веќе никој не може да му го уништи идентитетот. Македонија отсекогаш била и ќе биде Македонија. Таа има своја митологија и теоним (Македон) според кој земјата се нарекла Македонија, населението Македонци, јазикот македонски, има своја свест за припадност. Жителите уште од митолошко време биле свесни дека се Македонци, а својата земја ја нарекле Македонија според теонимот Македон како што тоа го потврдуваат и многубројните антички сведоштва. За постоењето на Македонија сведочат и многубројните споменици од минатото и од денешнината. Тие се симболи на тоа што не може да се уништи. Залудни се „шарените револуции“ заедно со соросоидите и со СДСМ (како југословенско ѓубриво), залудни се напорите на НАТО и на ЕУ, на американската и на други амбасади да се уништи Македонија, нејзиното име и нејзиниот идентитет. Но таа е неуништлива. Македонија постоела, постои и ќе постои не само за тие што се бореа со векови за неа, не само за нас, туку за век и веков, вели Драги Арсов, првиот претседател на Собранието на Република Македонија и потписник на Декларацијата за независност во интервју за неделникот Република по повод Денот на независноста.
Колку се опасни за Македонија остатоците од удбашките служби, чиишто поранешни припадници и соработници и денес ја поткопуваат државата?
– Македонија ќе ги надживее сите опасности бидејќи поранешните удбаши и полициски сили испуштаат душа. Ирационална е нивната борба, ако си за Македонија, значи дека си против уставниот поредок на Југославија. Со сите пресуди, кодошења, затвори и убиства, борбата за независна Македонија не беше запрена, таа траеше и ќе трае. Желбата за независност не може да се победи. Остануваат само срамните надежи на тие што сонуваат дека со парите на Јуда ќе направат нешто. Дека со тие пари (од Сорос и од странските амбасади) ќе ја предадат и уништат Македонија. Но вистината за Македонија е неуништлива, неуништливи се нејзините сведоштва од минатото (вклучувајќи ги и спомениците од плоштадот). Нив никој не може да ги урне и уништи. Ни со УДБА, ни со Сорос, ни со СДСМ, ни со „шарена револуција“, Македонија не се уништува. Тие можат само да ја поткопуваат државата Македонија, но не и да ја уништат. Македонија е неуништлива, неуништлив е и македонскиот идентитет. Македонија настанала истовремено и со својата митологија, со својот теоним, со своето име, јазик, свест за припадност и со територија наречена Македонија. Тоа се елементите на идентитетот на македонскиот народ и на неговата историја. Тие елементи на идентитетот биле и ќе останат засекогаш како сведоштво за македонскиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СДСМ и Глигоров ја измамија ВМРО-ДПМНЕ за мандатар на новата влада
-
На Македонија не може да ѝ се случи 1990 г.: Итрината на СДСМ нема да ја победи волјата на народот
-
Драги Арсов: Главната пречка за остварување на сонот – независна Р. Македонија, не е надмината затоа што не успеавме да ги поразиме наследниците на комунизмот