| четврток, 6 декември 2018 |

Денот на независноста се славеше и на Халкидики со македонска музика

calgja-vo-grcija

Со звуците на македонската група „Чалгија саунд систем“, во хотелски комплекс на Халкидики, во Уранополис, во присуство на македонски и странски туристи, беше одбележан 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Настанот го организира Генералниот конзулат на Македонија во Солун, а лошото време и дождот, не ги спречи гостите и публиката неколку часа да се забавуваат со македонска музика. Туристи од Македонија, од Русија, Бугарија, Романија, уживаа во чалгиската музика на македонската група, објави „Канал 5“.

calgija-vo-grcijaa

Настапот во Грција на „Чалгија саунд систем“ е по покана и иницијатива на нашиот конзул во Солун, Маја Апостолова, а концертот поминал во одлична, отпуштена и прекрасна атмосфера.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top