| четврток, 6 декември 2018 |

Жан Пол Белмондо доби „Златен лав“ за животно дело

Популарниот француски актер Жан Пол Белмондо допатува денеска во Венеција каде што на 73. Меѓународен филмски фестивал ќе му биде врачена наградата „Златен лав“ за животно дело.

Белмондо (83) допатува во придружба на две лица видно ослабнат по мозочниот удар во 2001 година. Во Франција е познат по прекрарот Бабел и стана познат по улогите во филмовите во „новиот бран“ од 60-те години за десет години подоцна да стане ѕвезда на акциските филмови.

Неговите најпознати филмови се „Професионалец“, „До последен здив“, „Човек од Рио“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top