| четврток, 6 декември 2018 |

Започна 30. Меѓународна ликовна колонија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

joakim-osogovski

Во манастирот Св. „Јоаким Осоговски“, во Крива Паланка, започна 30. јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија. Инспирани од природниот амбиент на манастирот уметниците ќе творат во наредните десетина дена. ­

– Сакаме да се заблагодариме на сите за отварање на манастирските порти во далечната 1987 година. Ова е единствена ликовна манифестација од ваков вид во Македонија, која работи во еден ваков амбиентален простор. Благодарам на поддршката и на архирејскиот намесник и на нашиот владика што ни даваат услови за оптимална креативност, изјави Јордан Михајловски, заменик координатор на колонијата.

На колонијата годинава има учесници од Македонија, САД, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија, Србија, Шведска.

– Од далечните 80­ тите се занимавам со сликарство и костимографија. Првпат учествував во далечните осумдесетти години. Од тогаш па досега се има доста изградено во манастирот и нависта изгледа прекрасно. Тука е навистина магично, изјави Ксенија Могин од Хрвстска.

Гостите од странство истакнаа дека навистина е привилегија да се творат и создаваат дела во околина која дава чуство на мир и спокој.

– Веќе три пати учествувам во ликовната колонија и воодушевен сум од самата атмосфера. На првите две учества творев на тема природа но во апрстракна форма. Оваа година едната слика ќе биде со тематика за манастирот Св. „Јоаким Осоговски, а втората слика ќе биде фигуративна тематика, ќе биде женска фигура. Составот на учесниците е на многу високо ниво, ќе создадеме убави дела кои ќе останат во колекцијата на колонијата и на манастирот, изјави Стефан Хаџи Николов, уметник од Скопје.

Завршетокот на колонијата ќе биде проследен со завршна изложба во Стариот конак на манастирот Св. „Јоаким Осоговски“, а за подоцна се планирани и изложби во Градскиот музеј во Крива Паланка, Скопје, Штип, Куаманово, Кочани, Перник, Ќустендил… Колонијата е дел од Националната програма за култура на Министерството за култура за годинава и работи под патронат на манастирот Св. „Јоаким Осоговски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top