| четврток, 6 декември 2018 |

Првата ликовна колонија „Културен мост“ од 30 јуни до 5 јули во Струга

Здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје ја организира првата ликовна колонија со наслов „Културен мост“ на која од 30 јуни до 5. јули во Струга ќе учествуваат ликовни уметници од Грција и од Македонија.

Целта на колонијата е развивање и продлабочување на културната соработка и пријателство меѓу Македонија и Грција. Проектот вклучува и заедничка изложба на учесниците на колонијата, која ќе биде отворена на 6-ти јули 2018 година, во објектот Чифте Амам, при Националната галерија на Македонија во Скопје.

Иницијативата за ликовната колонија „Културен мост“ е на Здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје, додека во работата на колонијата се вклучени грчките уметници Ангелос Скуртис, Антигони Каввата, Ели Гравалу, Корнилиос Граменос, Марк Хаѕипатерас и Харалабос Кацацидис, како и уметниците од Македонија: Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Шќипе Мехмети, Исмет Рамиќевиќ, Натали Николовска и млади сликари од Струга. Паралелно со работата на колонијата, уметниците ќе имаат можност да ги посетат Калишта, Радожда, Вевчани, Охрид и кањонот Матка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top