| четврток, 6 декември 2018 |

Монети за секс што ги користеле Римјаните – тема на изложба во Кавадарци

Во Музејот во Кавадарци е отворена изложба на Симона Манчева на тема „Сексуална работа“, а со наслов „Спинтрии“. Во неа уметникот ги прокнижува стекнатите предрасуди, дискриминацијата и изолацијата на сексуалните работници/чки.

Спинтриите се монети кои се користеле за време на римската империја. Се појавиле од дваесет и втората до триесет и седмата година за владеењето на царот Тибериј, а најмногу биле користени за време на владеењето на царот Елагобал.
Овие монети се наречени спинтрии по латинскиот збор Spintrae и се користеле за надминување на јазичната бариера во јавните куќи.
Овие монети ја конкретизираат моќта на индивидуата, не само на побарувачот,  туку и на сексуалниот работник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top