Општинската организација во Битола реагираше на натписот објавен на порталот синоќа, насловен: Закани за физичка пресметка и бркање од СДСМ вечерва во Битола.
Во демантот што пристигна во редакцијата на „Република“ стои:
„Во интерес на објективното информирање на јавноста најостро ги осудуваме синоќешните дезинформации објавени на веб-порталите „Курир“, „Република“ и „Прес24“, кои се однесуваа на наводни притисоци, закани и несогласувања во СДСМ Битола. Овој чин го сметаме за класично ширење лаги и дезинформации, произлезени од спин-кујните на ВМРО-ДПМНЕ, a со цел дискредитирање на демократските избори во СДСМ.
Синоќа на состанокот на Извршниот одбор, во мирна и демократска атмосфера беа избрани предлог-кандидатите од ОО СДСМ Битола, за членови на Централниот одбор на СДСМ. Во интерес на вистината ги повикуваме веб- порталите „Курир“, „Република“ и „Прес24“ да го објават нашиот демант. Во спротивно нашата правда ќе ја бараме по законски пат“.
„Република“ синоќа објави статус кој активист на СДСМ го постираше на својот профил на „Фејсбук“. Направен е принт скрин од статусот на профилот на активистот, а објавна е само содржината на статусот, но не и името на активистот и коментарите под постот. Откако „Република“ го објави натписот, лицето го избриша статусот, но претходно е направен принт скрин.
„Република“ го има името на активистот кој го објави постот, како и принт скрин од неговиот профил во моментот кога беше објавен статусот. Тоа е доказ дека „Република“ не ја дезинформира јавноста и не објавува некакви спинови од нечии кујни, туку се работи за реакции и информации кои нивни членови јавно ги постирале и објавиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.