| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти на СДСМ постираат, СДСМ демантира

sdsm

Општинската организација во Битола реагираше на натписот објавен на порталот синоќа, насловен: Закани за физичка пресметка и бркање од СДСМ вечерва во Битола.

Во демантот што пристигна во редакцијата на „Република“ стои:

„Во интерес на објективното информирање на јавноста најостро ги осудуваме синоќешните дезинформации објавени на веб-порталите „Курир“, „Република“ и „Прес24“, кои се однесуваа на наводни притисоци, закани и несогласувања во СДСМ Битола. Овој чин го сметаме за класично ширење лаги и дезинформации, произлезени од спин-кујните на ВМРО-ДПМНЕ, a со цел дискредитирање на демократските избори во СДСМ.

Синоќа на состанокот на Извршниот одбор, во мирна и демократска атмосфера беа избрани предлог-кандидатите од ОО СДСМ Битола, за членови на Централниот одбор на СДСМ. Во интерес на вистината ги повикуваме веб- порталите „Курир“, „Република“ и „Прес24“ да го објават нашиот демант. Во спротивно нашата правда ќе ја бараме по законски пат“.

bitola sdsm

Принтскрин од статусот

„Република“ синоќа објави статус кој активист на СДСМ го постираше на својот  профил на „Фејсбук“. Направен е принт скрин од статусот на профилот на активистот, а објавна е само содржината на статусот, но не и името на активистот и коментарите под постот. Откако „Република“ го објави натписот, лицето го избриша статусот, но претходно е направен принт скрин.

„Република“ го има името на активистот кој го објави постот, како и принт скрин од неговиот профил во моментот кога беше објавен статусот. Тоа е доказ дека „Република“ не ја дезинформира јавноста и не објавува некакви спинови од нечии кујни, туку се работи за реакции и информации кои нивни членови јавно ги постирале и објавиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top