| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетирано првото коло за мундијалот: Швајцарија ја матираше Португалија

Головите на Емболо и Мехмеди и освојувањето на Швајцарија на трите бода во дуелот со Европскиот првак Португалија беше изненадување на комплетирањето на првото коло од квалификациите за мундијалот во Русија.

Во Групата А, Франција киксна на стартот и одигра натпревар без погодоци на гостувањето во Белорусија.

Избраниците на Дидје Дешам имаа неколку добри шанси, но не успаа да го најдат патот до мрежата на домаќините.

Нерешено заврши и натпреварот помеѓу Шведска и Холандија. Берг ги донесе домаќините во предност во финишот на првиот дел, но Снајдер се погрижи „Лалињата“ да се изборат за бод во второто полувреме.

Бугарија и Луксембург го одиграа највозбудливиот натпревар вечерва. Тонев во 92. минута им донесе победа од 4-3 на домаќините, откако само 60 секунди претходно гостите изедначија преку Бонерт и беа на чекор до големо изненадување.

Во Групата Б, Швајцарија ја фрати Португалија на земја и славеше со 2-0.

Без својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, Португалија беше немоќна на Сент Јакоб Парк, и со головите на Емболо и Мехмеди, домаќините стигнаа до три бода на стартот од квалификациите.

Летонија со минимални 1-0 славеше на гостувањето во Андора, додека пак Унгарија и Фарски Острови одиграа натпревар без погодоци.

Во Групата Х, фаворитите стигнаа до лесни победи. БиХ со 5-0 славеше над Естонија, Белгија со 3-0 победи на гостувањето кај Кипар, а Грција триумфираше со 4-1 над Гибралтар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top