Албанските медиуми објавија информација дека нивната репрезентација преостанатите 15тина минути од прекинатиот дуел со Македонија ќе ги доигра со десет играчи. Како што се наведува, фудбалерот од одбраната Берат Џимшити, непосредно пред прекинот потешко се повредил и нема да може да биде во составот на Џани де Бјази.
Албанскиот селектор веќе ги изврши трите дозволени замени, па ако е точно дека Џимшити има сериозни проблеми со коленото, Македонија натпреварот ќе го доигра со играчка предност.
Почетокот на продолжението на натпреварот е закажан за 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.