| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со фудбалер повеќе ќе го доигра мечот со Албанија?

albanija makedonija fudbal

Албанските медиуми објавија информација дека нивната репрезентација преостанатите 15­тина минути од прекинатиот дуел со Македонија ќе ги доигра со десет играчи. Како што се наведува, фудбалерот од одбраната Берат Џимшити, непосредно пред прекинот потешко се повредил и нема да може да биде во составот на Џани де Бјази.

Албанскиот селектор веќе ги изврши трите дозволени замени, па ако е точно дека Џимшити има сериозни проблеми со коленото, Македонија натпреварот ќе го доигра со играчка предност.

22

Почетокот на продолжението на натпреварот е закажан за 14 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top