| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и Заев сакаат прегласување на одлуката дали Мајка Тереза треба да е светец

zaev na fontana

Претседателот на СДСМ го оспори прогласувањето на Мајка Тереза за светица, бидејќи папата Франциско не побарал мислење од СДСМ за чудата на Мајка Тереза.
Според Заев, своеволната одлука на папата Франциско остава голем простор за сомнеж поради кој тој и СДСМ не ја признаваат неговата одлука и бараат од Светата столица да го повтори гласањето.
„Предлагаме да се формира ад хок тело во кое ќе има, ете, нека се два члена на Ватикан, значи кардинали или како сакаат, два члена да се од СДСМ и петтиот член да е, се разбира, независниот Мухамед Зекири, бидејќи и он е Албанец и Мајка Тереза го зборувала од мала албанскиот јазик, бидејќи била Албанка и сигурен сум дека ќе навиваше за Шкендија доколку не беше Мајка Тереза и се родеше 80 години подоцна, нели“, изјави Заев.
Лидерот на СДСМ потсети на неговите блиски односи со Господ и најави дека доколку папата не се сложи со неговото барање, ќе побара Франциско да биде црпнат од Ватикан и да биде донесен на нива во Муртино, а на неговото место папа да постави СДСМ, како партија искусна во тоа.


Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top