| четврток, 6 декември 2018 |

Немам зборови, ова не ми се случило никогаш досега во кариерата

djokovic us open

Иако изминативе години игра во самата завршницата на сите најважни турнири, се добива впечаток дека светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, никогаш во кариерата не обезбедил полесен пласман во осминафинале на грен слем турнир како што е тоа случајот во Њујорк.

Во првото коло имаше мали проблеми да го победи Јанович со 3-1, но затоа во следните две рунди одигра вкупно шест гејма кои се најдобра слика за тоа каква задача имаше. Ноле се пласира во третото коло откако Весели му го предаде мечот поради повреда, а ноќеска Србинот излезе на теренот против Јужни и тоа само 35 минути.

Рускиот тенисер реши да се повлече поради повреда при резултат 4:2, одлука со која му го овозможи најлесниот пат на Ѓоковиќ меѓу најдобрите 16 тенисери на Отвореното првенство на САД.
Дека ситауцијата е крајно неверојатна се сложи и самиот Новак, кој по мечот истакна дека вакво нешто не му се случило никогаш во кариерата.

– Навистина е тешко да се изберат правите зборови за да се објасни тоа што се случи во изминативе две кола. Никогаш во кариерата се немам соочено со ваква ситуација. Во второто коло противникот се повлече уште пред мечот, денеска само 30 минути. Нормално, му посакувам брзо закрепнување на Јужни, а јас ќе се обидам да го извлечам позитивното од овие шест гема. Започнав добро на стартот, со навистина добар интензитет и ќе се обидам да продолжам така на следниот меч, истакна најдобриот светски тенисер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top