| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Градиме селекција со квалитет која допрва ќе се докажува

По­ра­ди ка­та­стро­фал­ни­те игри што ги имав­ме во пос­лед­ни­те два цик­лу­са, сим­па­ти­зе­ри­те и на­ви­ва­чи­те се раз­о­ча­раа од ре­пре­зен­та­ци­ја­та, мо­жам да ка­жам со пра­во, и во мно­гу мал број ги сле­дат нат­пре­ва­ри­те, осо­бе­но на до­ма­шен те­рен. Са­кам да го пре­не­сам ста­вот на си­те ре­пре­зен­та­тив­ци де­ка сме под­го­тве­ни за нов по­че­ток. Пол­ни сме со елан за до­ка­жу­ва­ње за до­бри ре­зул­та­ти. Се чув­ству­ва од­лич­но дру­гарс­тво ме­ѓу нас, и тоа е до­бра пој­дов­на точ­ка за из­диг­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от фуд­бал на ме­сто­то на кое при­па­ѓа. Са­кам си­те за­ед­но да до­не­се­ме но­ви до­бри ре­зул­та­ти и но­ви ра­до­сти за Ма­ке­до­ни­ја, ве­ли Пан­дев во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

Пред по­че­то­кот на но­ви­от цик­лус ква­ли­фи­ка­ции за Свет­ско­то пр­венс­тво во фуд­бал ка­пи­те­нот и нај­и­скус­ни­от фуд­ба­лер во ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја­та, Го­ран Пан­дев, во вре­ме­то на под­го­то­вки од­вои вре­ме за „Ре­пуб­ли­ка“ да го да­де сво­е­то ви­ду­ва­ње за се­лек­ци­ја­та под водс­тво на се­ле­кто­рот Игор Ан­ге­лов­ски. Тој се освр­на и на ква­ли­те­тот на подм­ла­де­на­та ре­пре­зен­та­ци­ја, со ко­ја ќе се оби­де да на­пра­ви со­лид­ни ре­зул­та­ти во овие ква­ли­фи­ка­ции во гру­па со два европ­ски и свет­ски шам­пи­о­ни со кои ма­ке­дон­ска­та јав­ност ќе мо­же да се на­де­ва на по­свет­ла ид­ни­на на ма­ке­дон­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вен фуд­бал.

 

По по­дол­га па­у­за се вра­ќаш во ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Што бе­ше пре­суд­но за та­ква­та од­лу­ка?

Пан­дев: По наз­на­чу­ва­ње­то на Игор Ан­ге­лов­ски за нов се­ле­ктор на се­ни­ор­ска­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, вед­наш ста­пив­ме во кон­такт, ме по­ба­ра и по­са­ка да има­ме сред­ба во Ита­ли­ја. Без раз­мис­лу­ва­ње ја при­фа­тив по­ка­на­та за со­ста­нок, ко­ја се одр­жа во Џе­но­ва. На тој со­ста­нок Ан­ге­лов­ски искре­но и со отво­ре­ни кар­ти, што би се рек­ло, ми ја прет­ста­ви не­го­ва­та за­мис­ла за ре­пре­зен­та­ци­ја­та и мо­ја­та уло­га во неа во слу­чај да се од­лу­чам да се вра­там. Мо­рам да ка­жам де­ка јас ни­ко­гаш не сум се отка­жал од оваа се­лек­ци­ја би­деј­ќи ја са­кам мо­ја­та зем­ја, са­кам да играм во дре­сот со ма­ке­дон­ски грб. Се­ле­кто­рот по кра­тко вре­ме на тој со­ста­нок ми влеа са­мо­до­вер­ба и ми ука­жа де­ка са­ка да из­ме­ни не­кои ра­бо­ти од ко­рен, да ги по­ста­ви на здра­ви но­зе и да поч­не нов цик­лус со подм­ла­ден со­став и со игра­чи што се но­си­те­ли на игра­та во сво­и­те клу­бо­ви. Му да­дов збор, му ве­тив де­ка ќе се вра­там во ре­пре­зен­та­ци­ја­та, но од­лу­чив­ме да ми да­де вре­ме за ма­кси­мал­но да се под­го­твам во Џе­но­ва за да мо­жам со мо­и­те игри сто­про­цент­но да ѝ се ста­вам на рас­по­ла­га­ње на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја.

Goran-Pandev-sport209-2

Ка­ко те­чат под­го­то­вки­те и ка­ква е ат­мо­сфе­ра­та пред по­че­то­кот на но­ви­от цик­лус ква­ли­фи­ка­ции за Свет­ско­то пр­венс­тво?

Пан­дев: Мо­рам да истак­нам де­ка овој со­став на ре­пре­зен­та­ци­ја­та е подм­ла­ден и де­ка поч­ну­ва­ме од ну­ла да гра­ди­ме ед­на се­лек­ци­ја, ко­ја има ква­ли­тет и ко­ја до­пр­ва тре­ба да се до­ка­жу­ва во европ­ски­от и во свет­ски­от фуд­бал. Се­ле­кто­рот Ан­ге­лов­ски на­пра­ви еден спој на мла­ди и ква­ли­тет­ни фуд­ба­ле­ри и на искус­ни и до­ка­жа­ни игра­чи, и тоа мо­же да зна­чи мно­гу за ид­ни­на­та на ре­пре­зен­та­ци­ја­та. Ат­мо­сфе­ра­та е фан­та­стич­на, се­кој фуд­ба­лер на овие кра­тки под­го­то­вки го да­ва ма­кси­му­мот и ја знае сво­ја­та уло­га во ти­мот. Функ­ци­о­ни­ра­ме од­лич­но и искре­но се на­де­вам де­ка мо­же­ме да на­пра­ви­ме до­бар ре­зул­тат. Си­те зна­е­ме де­ка ква­ли­те­тот и вло­жу­ва­ња­та во ре­пре­зен­та­ци­ја­та не со­од­вет­ству­ва­ат со реј­тин­гот што го има­ме во свет­ски­от фуд­бал, но мо­ра­ме да го до­ка­же­ме тоа и на те­рен и со до­бри игри да се вра­ти­ме на ме­сто­то што ни при­па­ѓа. Очај­ни­те ре­зул­та­ти од ми­на­ти­те два цик­лу­са си го на­пра­ви­ја сво­е­то, но ве­ру­вам во оваа но­ва ре­пре­зен­та­ци­ја, ко­ја, на­ви­сти­на, има ква­ли­тет да се но­си со да­ле­ку по­сил­ни­те европ­ски се­лек­ции.

 

Во ми­на­то­то игра­та на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја ја кра­се­ла цвр­ста игра во од­бра­на­та. Се­пак, но­ви­от бран мла­ди и ква­ли­тет­ни игра­чи, кои игра­ат во сре­ди­на­та на те­ре­нот и во на­па­дот, ве­ту­ва­ат де­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­же да игра и да­ле­ку по­о­фан­зи­вен фуд­бал.

Пан­дев: Во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја ја кра­се­ла игра со цвр­ста и со ква­ли­тет­на од­бра­на. На­ви­сти­на имав­ме ре­пре­зен­та­тив­ци ка­ко Но­ве­ски, Ми­тре­ски, Сед­лов­ски и дру­ги кои се од­лич­ни де­фан­зив­ци и кои беа ли­де­ри и стол­бо­ви на од­бра­на­та во сво­и­те клу­бо­ви. Со те­кот на вре­ме­то се про­ме­ни и на­чи­нот на игра­ње фуд­бал. Та­ка е и во ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Се­ле­кто­рот е на до­бар пат да по­ста­ви да­ле­ку по­о­фан­зив­на игра би­деј­ќи но­ви­те игра­чи се тех­нич­ки до­бро под­го­тве­ни. Са­ка­ат да игра­ат фуд­бал, да ја кон­тро­ли­ра­ат топ­ка­та и да ја има­ат кон­тро­ла­та на те­ре­нот. Тоа ве­ту­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја мо­же да игра до­пад­лив фуд­бал со по­ве­ќе оби­ди кон про­тив­нич­ки­от гол и соз­да­ва­ње шан­си за гол по­ве­ќе од про­тив­ни­кот. Со та­кви­от при­стап на игра и ан­га­жи­ра­ње на си­те ре­пре­зен­та­тив­ци нѐ оче­ку­ва­ат да­ле­ку по­до­бри де­но­ви за ма­ке­дон­ски­от фуд­бал.

Goran-Pandev-sport209-3

До­се­га го­лем проб­лем бе­ше и ми­ну­та­жа­та на ре­пре­зен­та­тив­ци­те во нив­ни­те клу­бо­ви. Со но­ви­от бран до­а­ѓа­ат фуд­ба­ле­ри што се ли­де­ри во сво­и­те еки­пи и при се­кој со­бир на ре­пре­зен­та­ци­ја­та ќе до­а­ѓа­ат ма­кси­мал­но под­го­тве­ни.

Пан­дев: Тоа е точ­но. Во ми­на­то­то имав­ме проб­лем да со­ста­ви­ме ре­пре­зен­та­ци­ја од игра­чи што има­ат ми­ну­та­жа во клу­бо­ви­те. Имаа проб­лем со под­го­тве­но­ста и по­ра­ди ма­ла­та ми­ну­та­жа во клу­бо­ви­те, имаа и на­ру­ше­на са­мо­до­вер­ба. Се­ле­кто­рот Ан­ге­лов­ски на­пра­ви до­бар из­бор од игра­чи што се под­го­тве­ни и има­ат мно­гу нат­пре­ва­ри во сво­и­те но­зе, што би се рек­ло, во те­кот на ед­на се­зо­на. Тоа овоз­мо­жу­ва да го да­дат ма­кси­му­мот за ре­пре­зен­та­ци­ја­та и на те­рен да истр­ча­ат со пол­на са­мо­до­вер­ба. Се­га ве­ќе има­ме око­лу 15 фуд­ба­ле­ри што ре­дов­но на­ста­пу­ва­ат за сво­и­те клу­бо­ви. Ко­га би ус­пе­а­ле да го по­до­бри­ме и реј­тин­гот на ли­ста­та на ФИ­ФА, то­гаш мно­гу лес­но мо­же да се слу­чи да се на­пра­ват и транс­фе­ри на не­кои од овие фуд­ба­ле­ри во ед­на од че­ти­ри­те нај­сил­ни ли­ги во све­тот, што ќе овоз­мо­жи и по­го­лем ква­ли­тет и искус­тво кое тие игра­чи ќе го до­не­сат во ре­пре­зен­та­ци­ја­та.

 

Да се вра­ти­ме на ква­ли­фи­ка­ци­и­те. Гру­па­та е из­во­нред­но те­шка и ако се ка­же де­ка Ита­ли­ја и Шпа­ни­ја се на са­ми­от свет­ски врв, кол­ку Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се но­си со оста­на­ти­те ре­пре­зен­та­ции?

Пан­дев: Мое лич­но мис­ле­ње е де­ка на­ша­та гру­па е нај­те­шка во овој цик­лус ква­ли­фи­ка­ции за Свет­ско­то пр­венс­тво. Има­ме две ре­пре­зен­та­ции, Ита­ли­ја и Шпа­ни­ја, што би­ле свет­ски и европ­ски шам­пи­о­ни, вклу­чу­вај­ќи ја и Ал­ба­ни­ја и три учес­ни­ци на пос­лед­но­то Европ­ско пр­венс­тво во Шпа­ни­ја. Мо­рам да ка­жам де­ка ние ка­ко ре­пре­зен­та­ци­ја поч­ну­ва­ме од ну­ла. Ни­ко­гаш не тре­ба да се пре­да­ва­ме од­на­пред и да се пла­ши­ме од ими­ња­та на оста­на­ти­те ре­пре­зен­та­ции. Ако оди­гра­ме ка­ко зна­е­ме и уме­е­ме, тре­ба да се но­си­ме ра­мо до ра­мо со се­лек­ци­и­те на Ал­ба­ни­ја и на Изра­ел и, се­ка­ко, да се оби­де­ме да осво­и­ме не­кој бод со Ита­ли­ја и со Шпа­ни­ја. Тре­ба да оди­гра­ме ма­кси­мал­но од­го­вор­но, фи­зич­ки и тех­нич­ки под­го­тве­ни и ед­но­став­но да го оста­ви­ме ср­це­то на те­рен. Пр­ви­от нат­пре­вар ќе би­де те­жок би­деј­ќи Ал­ба­ни­ја е со­ста­ве­на од ин­тер­на­ци­о­нал­ци што игра­ат во нај­сил­ни­те ли­ги во Евро­па и се пол­ни со са­мо­до­вер­ба по при­ка­жа­ни­те игри во пос­лед­ни­те ква­ли­фи­ка­ции за Европ­ско­то пр­венс­тво и на са­ми­от европ­ски шам­пи­о­нат. Се­пак, во овие ква­ли­фи­ка­ции во на­ша­та гру­па се пра­шу­ва­ме и ние би­деј­ќи си­те поч­ну­ва­ме од ну­ла и си­те ја гле­да­ме шан­са­та за осво­ју­ва­ње бо­до­ви. По­втор­но ќе ка­жам де­ка ат­мо­сфе­ра­та во ре­пре­зен­та­ци­ја­та е на нај­ви­со­ко ни­во и тоа ни да­ва на­деж де­ка мо­же­ме да ги поч­не­ме овие ква­ли­фи­ка­ции со до­бри ре­зул­та­ти.

Goran-Pandev-sport209-4

Лет­ни­те нат­пре­ва­ри на дел од ре­пре­зен­та­тив­ци­те во ква­ли­фи­ка­ции за Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и за Ли­га­та на Евро­па по­ка­жаа де­ка го­лем дел од тво­и­те со­и­гра­чи во се­лек­ци­ја­та игра­ат на нај­ви­со­ко ни­во и се ли­де­ри во сво­и­те клу­бо­ви.

Пан­дев: Дел од ре­пре­зен­та­тив­ци­те имаа од­лич­ни на­ста­пи за сво­и­те клу­бо­ви во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за ЛШ и за ЛЕ. Шкен­ди­ја ни е нај­до­бар при­мер де­ка со до­бра ра­бо­та мо­же да се на­пра­ват од­лич­ни ре­зул­та­ти. Трич­ков­ски со АЕК Лар­на­ка, Ха­са­ни и Ибра­и­ми со Шкен­ди­ја оди­граа фан­та­стич­но, ре­а­ли­за­тор­ски­те спо­соб­но­сти се на нај­ви­со­ко ни­во и се­га ве­ќе има­ме игра­чи што мо­жат да по­стиг­ну­ва­ат го­ло­ви. Тре­ба да раз­мис­лу­ва­ме на тим­ска игра и со ма­кси­мал­на ан­га­жи­ра­ност во си­те 90 ми­ну­ти, осо­бе­но во ме­чот со Ал­ба­ни­ја, мо­же­ме да се на­де­ва­ме на по­стиг­ну­ва­ње го­ло­ви кои ќе ни но­сат бо­до­ви и ќе би­дат од осо­бе­но зна­че­ње во на­та­мош­ни­от тек од ква­ли­фи­ка­ци­и­те. Се­ка­ко ќе ни не­до­сти­га­ат и Але­ксан­дар Трај­ков­ски од Па­лер­мо и Агим Ибра­и­ми од Аста­на, кои се врв­ни игра­чи, од­лич­ни ко­ле­ктив­ни фуд­ба­ле­ри, но на нив ќе сме­та­ме во ид­ни­на отка­ко ќе ги над­ми­нат по­вре­ди­те и ќе би­дат се­ри­оз­ни кон­ку­рен­ти за пр­ви­от со­став. Ако во ми­на­то­то имав­ме проб­лем со ре­а­ли­за­ци­ја­та во на­па­дот, се­га ве­ќе не би тре­ба­ло да би­де та­ка би­деј­ќи има­ме 6-7 из­во­нред­ни на­па­ѓа­чи.

 

Се­ка­ко ги сле­диш и пом­ла­ди­те ге­не­ра­ции. Ре­пре­зен­та­ци­ја­та на игра­чи до 21 го­ди­на е на пра­гот на исто­ри­ски ус­пех и плас­ман на ед­но го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње. Кол­ку се­ри­оз­но мо­же да се сме­та на дел од тие ре­пре­зен­та­тив­ци во ид­ни­на за на­стап во се­ни­ор­ски­от со­став? Гле­даш ли не­кој свој нас­лед­ник што мо­же да би­де ли­дер во на­ци­о­нал­ни­от со­став?

Пан­дев: Мла­ди­те се­лек­ции се ид­ни­на­та на ма­ке­дон­ски­от фуд­бал не­сом­не­но. Таа ге­не­ра­ци­ја фуд­ба­ле­ри, кои се во се­лек­ци­ја­та до 21 го­ди­ни, па и пом­ла­ди­те, има­ат ква­ли­тет. Има мла­ди игра­чи што ве­ќе се зре­ли за на­стап и во се­ни­ор­ски­от со­став. Мно­гу од нив ве­ќе на­ста­пу­ва­ат во странс­тво. Има­ат из­во­нред­ни ре­зул­та­ти во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Европ­ско­то пр­венс­тво и искре­но по­са­ку­вам да го ос­тва­рат тоа што го за­цр­та­ле и да се пла­си­ра­ат на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње. Та­лен­тот и ква­ли­те­тот што ги по­се­ду­ва­ат, ве­ту­ва­ат свет­ла ид­ни­на за ма­ке­дон­ски­от фуд­бал. Еден што мо­же да го по­не­се то­ва­рот на ли­дер во се­ни­ор­ски­от со­став е Але­ксан­дар Трај­ков­ски, кој, за жал, не мо­же да ни по­мог­не на стар­тот од ква­ли­фи­ка­ци­и­те по­ра­ди по­вре­да, но тој во ид­ни­на мо­же да би­де ли­дер кој тре­ба да ги по­вр­зе си­те кон­ци на те­ре­нот.

Goran-Pandev-sport209-5

За крај, што са­каш да им по­ра­чаш на искре­ни­те сим­па­ти­зе­ри и на­ви­ва­чи на ма­ке­дон­ски­от фуд­бал?

Пан­дев: За да се ос­тва­рат до­бри ре­зул­та­ти и да има ус­пех оваа ре­пре­зен­та­ци­ја и, се­ка­ко, на­ша­та др­жа­ва, по­треб­на е под­др­шка од се­ко­го. По­ра­ди ка­та­стро­фал­ни­те игри што ги имав­ме во пос­лед­ни­те два цик­лу­са, сим­па­ти­зе­ри­те и на­ви­ва­чи­те се раз­о­ча­раа од ре­пре­зен­та­ци­ја­та, мо­жам да ка­жам со пра­во, и во мно­гу мал број ги сле­дат нат­пре­ва­ри­те, осо­бе­но на до­ма­шен те­рен. Са­кам да го пре­не­сам ста­вот на си­те ре­пре­зен­та­тив­ци де­ка сме под­го­тве­ни за нов по­че­ток. Пол­ни сме со елан за до­ка­жу­ва­ње за до­бри ре­зул­та­ти. Се чув­ству­ва од­лич­но дру­гарс­тво ме­ѓу нас, и тоа е до­бра пој­дов­на точ­ка за из­диг­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от фуд­бал на ме­сто­то на кое при­па­ѓа. Са­кам си­те за­ед­но да до­не­се­ме но­ви до­бри ре­зул­та­ти и но­ви ра­до­сти за Ма­ке­до­ни­ја.

Разговараше: Бо­јан Мо­ми­ров­ски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Горан Пандев е објавено во 209. број на неделникот Република, 2.09.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top