| четврток, 6 декември 2018 |

Сисоко: Лорис е најзаслужен за мојот трансфер во Тотенхем

sisoko

Поранешниот фудбалер за врска на Њукасл, по трансферот на „Вајт харт лејн“ кој Тотенхем го чинеше 30 милиони фунти, откри кој е најзаслужен за неговиот трансфер во екипата од Лондон.

– Уго Лорис е еден од главните што имаат најголема заслуга за овој трансфер. Тој секогаш ми кажуваше сѐ најдобро за Тотенхем кога бевме заедно на собирите со репрезентацијата. Тој го фалеше овој клуб и сега сум среќен што сум тука и што повторно ќе играме заедно – изјави Сисоко.

Францускиот фудбалер во изминатите три години играше за екипата на Њукасл за која настапи на 133 натпревари и постигна 12 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top