Со љубовниот живот на кошаркарот Марко Јариќ не се занимаваат само српските, ами и светските медиуми, а причина за тоа е секако изборот на убавиците кои дефилираат во неговиот кревет.
По разводот со бразилскиот супермодел Андријана Лина, Марко обично ги демантирал сите врски што му ги припишувале медиумите, а секако не го штеделе. Последно медиумите го поврзуваат со најбогатата наследничка, старлетата Парис Хилтон. Оваа афера засега тој не ја демантирал.
На својот профил на Инстаграм Парис објави фотографија од поголемо друштво, снимена на музички фестивал, а на неа, природно, штрчи кошаркарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.