По свршувачката, старлетата Парис Хилтон и нејзиниот избраник Крис Зилка се во фокусот на медиумите. Она што сите го знаат е дека тој ја запроси во Аспен, Колорадо каде беа заедно на одмор и од каде Парис јави дека се верила. Но, она што е помалку познато е дека Крис бил бездомник и дека ова не е негова прва свршувачка.
Крис Зилка (32) е американски модел и актер, кој има украинско потекло. Се има појавено во низа филмови и серии како: „Everybody Hates Chris“, „Hannah Montana“, „Cougar Town“, „10 Things I Hate About You“, „The Secret Circle“, „The Leftovers“…Учел на Универзитетот во Толедо, но го напуштил и се преселил во Калифорнија за да го оствари својот сон да стане актер.
Во едно интервју за магазинот „Out“ во 2012 година тој открил дека бил бездомник, сè додека не му помогнал неговиот менаџер додека работел во еден ресторан.
Крис бил свршен со моделот и дизајнерка Хана Бет Мерјос во април 2014 година, но ја раскинале свршувачката во мај 2015, наводно поради афера од нејзина страна. Тие имале жестоки препукувања на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.