| четврток, 6 декември 2018 |

ЕКСКЛУЗИВНО: Заев се подготвува за интервју во МТВ

Ма каков Милчин, ЗНМ, АЈДЕ, ЗАЈДЕ, Стојанче Ангелов… Да не беа Заев и Шекеринска МТВ уште ќе тонеше во неслобода и објективност, а јавноста слепа и глува на другите медиуми во земјата, ќе останеа непросветлени за идеалите „слобода и демократија“.

Што е за право, така си е, бидејќи во држава како нашата која има најмногу национални, дигитални, сателитски, интернетски радија и телевизии по глава на прочистен список, сите го следат само зборот на МТВ. Што ќе се каже таму, сите го преземаат.

Да знаеше Заев дека Груевски ќе му прифати сѐ, имаше тој и посилни адути, како мачкарот Ванхауте или па Роберт Поповски да му биде главен кадар. Не нему лично, на народот, нели.

Сепак, и ова не му е лошо решение. Жената има долги години искуство во медиумите, доволно долги за да  знае како се одработуваат избори за потоа да се прејде во министерски кабинет. И затоа не се за потценување нејзините закани, пардон, оценки, уште невлезена во МТВ, дека 100 дена ѝ се малку.

Имајќи ја предвид објективноста во следните 100 дена, склоноста на Заев кон изјави, како и неговата природна дарба за „визуелно прилагодување на состојбите“, неизбежно е тој да ѝ ја исполни желбата на независната уредничка, луѓето да зборуваат што виделе и слушнале во вестите на МТВ.

Република од свои извори дури доби фотографија на која се открива како Заев веќе се подготвува за првото гостување во реформираниот јавен сервис и двојно да ја крене довербата.

mtv slobodna

Единствен проблем со кој може новиот уредник(чка) да се соочи е тоа што со претходното прочистување на Избирачкиот список, сега драстично ќе се одрази врз бројноста на публиката на Сервисот.

Петел Бодичек
***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top