Турското Министерство за одбрана отстрани од должност 820 лица вработени во воените копнени и поморски сили, стои во објава на страницата на Министерството на Твитер, пренесе БТА.
Властите во Турција спроведуваат чистка во вооружените сили, отпуштени се вкупно 80.000 воени лица од високи генерали до војници, по спречениот обид за преврат на 15 јули.
Отстранети се поради осомниченост за врски со исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, којшто живее во САД и кого турската влада го сомничи како организатор на воениот удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.