| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган ја чисти војската: Турција отстрани од должност 820 службеници од копнените и поморските сили

turska vojska

­ Турското Министерство за одбрана отстрани од должност 820 лица вработени во воените копнени и поморски сили, стои во објава на страницата на Министерството на Твитер, пренесе БТА.

Властите во Турција спроведуваат чистка во вооружените сили, отпуштени се вкупно 80.000 воени лица ­од високи генерали до војници, по спречениот обид за преврат на 15 јули.

Отстранети се поради осомниченост за врски со исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, којшто живее во САД и кого турската влада го сомничи како организатор на воениот удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top