Четвртата годишна меѓународна научна конференција насловена „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници (МДТГ)“ 2016, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) беше отворена денеска во Скопје.
-Денес миграциите носат сериозни импликации. Тие се резултат на различни социо-економски, политички, етнички, воени, идеолошки, па дури и еколошки фактори. Без оглед на причините за миграциите, тие носат промени кои влијаат на општествата, предизвикувајќи ги да ги ре-осмислуваат релациите меѓу „нашето“ и „туѓото“, општествените, економските, културните и други разлики, односите меѓу дијаспората и матичната земја, границите итн. Тие имаат сериозно влијание и врз дефинирањето на општествата како транснационални. Како глобален процес, тие можат да се поимаат и како можност и како предизвик. Додека добро менаџираните миграции можат да го поттикнат социо-економскиот развој и да донесат нови можности и во татковината на мигрантите и во земјата-домаќин, малверзациите со миграциите и мигрантите можат да резултираат со ризикување на социјалната кохезија, безбедноста и суверенитетот, рече на отворањето претседателката на ЦККС, Лорета Георгиевска-Јаковлева.
Потпретседателот на ЦККС, Мишел Павловски, пак во своето обраќање ги поздрави учесниците и истакна дека Центарот за култура и културолошки студии со организацијата на оваа научна конференција (како и на претходните три: „Култура и меморија“ 2013, „Медиуми: теорија и практика“ 2014 и „Идентитет и култура“ 2015) веќе четврта година ја реализира својата заложба Скопје да го направи значајна дестинација на академската мапа на светот.
На конференцијата, која ќе трае до 3-ми септември 2016 година, а се одржува во во хотел „Буши ресорт и спа“, учествуваат околу 90 научници од 70 земји од светот меѓу кои Русија, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Обединети Арапски Емирати, Западна и Источна Европа, Балканот, и од нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ
-
Експерти од регионот ќе дискутираат за проблемите во образованието на возрасни