Како и минатите неколку години, англиските клубови беа оние кои синоќа, во последните часови од периодот на трансфери, беа најактивни во купување нови играчи. Повеќе клубови од островот ова лето го урнаа својот рекорд во трансфер, а Лестер сити во последните часови од преодниот рок го комплетираше најскапиот трансфер во својата историја со ангажманот на алжирскиот напаѓач Ислам Слимани за чиишто услуги на Спортинг од Лисабон му плати 30 милиони фунти.
– Отсекогаш сакав да заиграм во Премиер лигата, а да го направам тоа играјќи за актуелниот првак едноставно беше понуда која не можев да ја одбијам. Го гледав големиот успех на Лестер минатата сезона и посебно ме импресионираше страста на навивачите. Навистина сум возбуден што сега ќе бидам дел од сето тоа. Мојот пријател Марез ми даде навистина убава препорака и со нетрпение го очекувам првиот настап – изјавил напаѓачот кој минатата сезона постигна 27 гола за Спортинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.