.
Селекторот на Македонија, Драган Раца е задоволен од победата, но воедно искажа и критика за падот во концентрацијата на одредени играчи што мора да се смени пред вториот дуел кој се игра во сабота против Велика Британија.
– Ова беше прв натпревар, сигурен сум дека е добро предупредување за продолжение на квалификациите. Во првите минути влеговме опуштено, самиот натпревар не наведе на таков ритам, но потоа ја подобривме играта. Немавме концентрација во 3. четвртина што се одрази на конечниот резултат. Во еден момент бевме добри во одбраната, направивме разлика од 20 поени. Потоа во третата четвртина паднавме. Голем проблем е менталитетот кај одредени играчи да направат разлика.
Истовремено овој меч беше добродојден како вовед на тешкото гостување во Велика Британија. Мора да остане концентрацијата на високо ниво не смееме да дозволиме да падне.Се надевам дека ќе бидеме многу подобри и сигурен сум дека допрва ќе го покажеме вистинското лице – изјави Раца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.