Селена Гомез преку соопштение на јавноста и пренесе дека ќе прави пауза од нејзината муаичка кариера за да се посвети повеќе на грижата за своето здравје. Дваесет и четиригодишната ѕвезда минатата година објави дека и е дијагностицирана болеста лупус, a сега и откри и малку познатите негативни страни од ова автоимуно пореметување.
Во изјава за „Пипл“, Гомез призна дека во последно време се повеќе паѓа во депресија, а се справува и со анксиозност, вознемиреност и панични напади како резултат на болеста, па поради тоа одлучила да направи пауза од својата турнеја „Ривајвл“.
Селена истакна колку е важно да се грижите за своето психичко и физичко здравје, како и дека се надева дека тоа што зборува јавно за својата болест ќе им помогне на другите луѓе кои боледуваат од лупус полесно да се справат со пореметувањето.
– Им благодарам на сите мои фанови за поддршката. Знаете дека вие сте навистина специјални за мене, но морам да се соочам со ова на најдобар начин што знам – завршува Селена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.