| четврток, 6 декември 2018 |

Шеикот на Дубаи во инспекција на јавните претпријатија, ама немало никој (видео)

Владетелот на Дубаи ненајавено прошетал низ канцелариите на јавните служби на арапскиот емират и во луксузно опремените простории на шефовите наишол на – празни бироа! девет директори тој ден добиле отказ.

Изненадната инспекција на шеикот Мухамед бин Рашид ксе случила во недела, кој што е обичен работен ден во Дубаи, па шеикот очекувал дека сите ќе бидат на своите работни места.

Seik-Muhamed-bin-Rasid-f1Сепак, како што се гледа и на видеото објавено на Твитер, единствениот човек кој бил во канцеларриите бил- Шеикот. Дури и се насмевнал дека единственито лице кое го пречекува во 7,30 часот е неговото, урамено на ѕидовите.

Тој е познат по своите рани утрински инспекции со кои сака да им порача на службениците да се придржуваат до стандардите, особено со навременото доаѓање на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top