Владетелот на Дубаи ненајавено прошетал низ канцелариите на јавните служби на арапскиот емират и во луксузно опремените простории на шефовите наишол на – празни бироа! девет директори тој ден добиле отказ.
Изненадната инспекција на шеикот Мухамед бин Рашид ксе случила во недела, кој што е обичен работен ден во Дубаи, па шеикот очекувал дека сите ќе бидат на своите работни места.
Сепак, како што се гледа и на видеото објавено на Твитер, единствениот човек кој бил во канцеларриите бил- Шеикот. Дури и се насмевнал дека единственито лице кое го пречекува во 7,30 часот е неговото, урамено на ѕидовите.
Тој е познат по своите рани утрински инспекции со кои сака да им порача на службениците да се придржуваат до стандардите, особено со навременото доаѓање на работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)