Рекетот број 1, Новак Ѓоковиќ со еден загубен сет ја почна одбраната на трофејот на Отвореното првенство на САД во Њујорк. Српскиот тенисер го победи Јиржи Јанович од Полска со 6:3, 5:7, 6:2 и 6:1 во сетови.
За разлика од Ѓоковиќ, шпанскиот тенисер Рафаел Надал полесно стигна до првата победа откако во три сета го совлада Узбекистанецот Денис Истомин.
Покрај Ѓоковиќ (1) и Надал (4), пласман во следната рунда од големите фаворити избори и Канаѓанецот Милош Раониќ (5), кој во три сета беше поуспешен од германскиот тенисер Дастин Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.